Во рамките на својата Trough Space & Time Tour 2023, грчкиот фолк-рок бенд Villagers Of Ioannina City ќе одржи концерт, утре (9 октомври) со почеток од 21:00 часот во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Villagers Of Ioannina City пред некое време ги објавија датумите за својата есенска 45 дневна турнеја која опфаќа и настапи во Осло, Манчестер, Хамбург, Мадрид… а токму нивна прва станица е МКЦ Скопје.

 

Villagers of Ioannina City е фолк рок бенд од Јанина, Грција, формиран во 2007 година. Тие свират пост, стонер и психоделичен рок со голема доза грчка народна музика од регионот на Епир. Регионалната музичка традиција се карактеризира со полифонија, специфични ритми и мелодии и употреба на кларинет, кавал и гајда.

Имаат настапувано на најголемите рок фестивали меѓу кои и HELLFEST!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.