Во вторник, на 8 октомври, во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), на големата сцена ќе се одржи концерт на Националниот Џез оркестар со студенти од Факултетот за музичка уметност (ФМУ) и Џез академијата во Штип.
Од националниот џез оркестар најавуваат уникатен настан кој ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.
Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој, велат од НЏО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.