В четврток, на втори ноември во 20,30 часот во „Порта џез“ во Битола, „Пондер“ организира концерт на музичките групи Lelee од Љубљана, Словенија и My Tear од Скопје како дел од нивната културна програма.
Уникатниот бленд на балканско ДНК црпено од Битола, преку Белград, до Љубљана ги прави Lelee еден од највозбудливите инди-рок акти во регионот. Со нивниот поп-шарм и балкански мелос проткаен низ цврстата ,,направи сам” музичка етика, Lelee се една од највпечатливите музички појави во изминативе години, а во четврток за прв пат ќе имаат концерт во Битола.
Вечерта ќе им се придружи култното скопско трио My Tear. Со нивните силни њувејви синт матрици надополнети со неверојатно енергичниот сценски настап, овие ветерани на македонската независна сцена ќе ни приредат атак на сите сетила како што само тие умеат.
Влезница за настанот е 150 денари.
Ponder е независна битолска културна иницијатива која има за цел промовирање на независната култура и живата уметност кај младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.