Белградскиот бенд „Артан Лили“ ќе одржи концерт во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје на 28 октомври. Бендот кој одбележува десет години постоење важи за еден од најзначајните претставници на таканаречената нова српска сцена и досега има објавено два студиски албума.

Концертот е дел од турнејата која почнува во Сплит на 15 септемвр, а завршува во Краљево на 9 декември.

За Скопје нè врзуваат прекрасни спомени од самиот почеток на бендот. Таму ги продуциравме нашите први песни, додека во Куманово го склопивме името на групата, велат од групата.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.