Поради најавеното дождливо време на 27. и 28.  мај, а во консултација со менаџментот на „Дип Парпл“ се одлучивме  да го префрлиме концертот во арена „Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај, соопшти организаторот „Авалон продукција“.

Концертот првично беше закажан на стадионот на АРМ во Скопје.

Сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред:

ФАН ПИТ:
Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ПАРТЕР:
Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ВИП:
Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13)
Со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што се разбира дека е невозможно.
Сега на новата локација, и тоа е возможно.

Во продажба според капацитетот на арената „Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот, соопштија од „Авалон“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.