По повод 35. годишната кариера на македонската и балканска естрада, Наум Петрески и продуцентската куќа АВАРД Промотион, во август ќе го промовираат новото издание „Најдоброто од Наум“ кое ќе содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција во Битола, Охрид и Скопје..
Ова е фантастична можност илјадниците фанови на Наум заедно со него на сцена, во живо да ги запеат сега веќе легендарните хитови: „Има ли песна”, „Жал за Деспина”, „Оди Ѕвездо”…, а на славеникот како гости ќе му оддадат признание за неговиот јубилеј многу пријатели од естрадата, пејачи, актери…
Квалитетот на внимателно одбрани песни во изведба на еден од најдобрите македонски пејачи Наум Петрески со долгогодишно музичко искуство е одличен пат кон успешноста на новиот редок, но многу значаен музички проект.
Концертите се закажани во Битола 04.08 Хераклеа, и во Охрид 11.08 Долни Сарај, а организаторот најави дека дополнително ќе информира за деталите за концертот во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.