За Меѓународниот ден на џезот кој се одбележува на 30 април, Здружението на џез музичари и слободни уметници организира концерт во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје.

Концертот започнува во 14 часот, а ќе настапат Џоле Грујовски „Resonance“, Џон Илија Апелгрин и Гордан Спасовски, „SS Project“, „Off Ground Ensemble“, „CuckooRack aka Bopers“, Сашо Поповски и Тони Китановски.

Исто така, Младинскиот културен центар Битола најави дека Меѓународниот ден на џезот во Битола ќе се одбележи со концерт на Тони Китановски Трио, односно Тони Китановски на гитара, Виктор Филиповски на тапани и Кирил Туфекчиевски на бас гитара.

Концертот ќе се започне во 12 часот и 30 минути во кафе-барот „Порта џез“.

Меѓународниот ден на џезот се одржува од 2012 година година, а со него се слави влијанието на џез музиката во промовирањето на мирот и меѓукултурниот дијалог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.