Специјална вечер по повод Денот на Европа, со македонскиот меѓународно признат филмски композитор, музички продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев. Концертот, отворен за широка јавност, ќе понуди несекојдневно филмско-музичко искуство!

Дукe, заедно со неговите уникатни гости, двајца наратори и 20-член оркестар, ќе ги изведе своите најнови дела, спој на неговата оркестарска и филмска музика заедно со некои нови модерни инспирации под влијание на неговиот живот во Франција и Шпанија, измешани со традиционалните вибрации од Балканска и медитеранска музика заедно со нарација на вечната љубовна поезија на Руми на македонски и албански јазик.

Многу уникатно искуство за прославување на денот на Европа, со мултикултурно музичко патување на љубов, мир и единство.

Музичари:
Дуке Бојаџиев – пијано/клавијатури/вокал
Специјални гости:
Бахрамџи – сантур/вокал
Медуса Одисеј – два диџеи/гитара/перкусии
Миријам и Иса – вокал
Наташа Петровиќ – раскажувач
Амернис Ноксиќи – наратор + 20-член оркестар составен од членови на Македонската филхармонија, под диригентство на Ана Спасовска.

Старт: 20:00 часот
Влезот е слободен!

Oрганизарано од Делегација на Европска Унија и Europe House.
Благодарност до Град Скопје за соработката при реализација на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.