Бендот „Калуш оркестра “, кој Украина го пријави за огодишниот Избор за песна за Евровизија, соопшти дека сè уште планира да патува во Торино на натпреварот во мај и покрај војната што беснее во нивната земја.

Се подготвуваме најдобро што можеме и ќе дадеме сè од себе да ја претставиме нашата земја на најдобар начин“, рече пејачот Олех Псиук во саботата во видеото објавено на „Инстаграм“.

Тој им оддаде почит и на организаторите на натпреварот за нивната поддршка.

„Калуш оркестра“ со песната Stefania е главен фаворит за победа на годинешниот натпревар. Бендот ќе настапи во првото полуфинале на 10 мај. По почнувањето на руската инвазија пред еден месец, бендот на социјалните мрежи ја изрази својата поддршка за отпорот на Украина против руската инвазија.

Русија е исклучена од годинешната Евровизија, како и нејзиниот сосед и близок сојузник Белорусија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.