Културно информативниот центар Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст) за фестивалот „Ех, таа серенада“, кој годинава ќе се одржи во август во Битола.

Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.
Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции, соопштија од КИЦ Битола.

Фестивалот ќе се одржи на 24 август на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.