Антологиската патриотска фолк балада „Заветна“, која своевремено оригинално ја изведе и маестрално ја испеа македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски доби блуз верзија. Песната е последната снимка на дуетот Игор Атанасоски – Харе и Игор Џамбазов.

Во најавата  за песната Џамбазов на својот Инстаграм ќе каже: Ова  наше видување на легендарната ‘Заветна’, испеана од Пепи Бафтировски, звучи како кога по некоја случајност  Пепи Бафтировски и Гери Мур, би седеле на иста маса и би ја напишале оваа песна“! – при тоа честитајќи им ја Новата Година на сите со истата.

„Заветна“ која со текот на времето стана своевидна, неофицијална втора македонска химна е дело авторскиот тандем, браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски.

„Идејата беше моја, а Џамбазов со воодушевување ја прифати. Снимана е во текот на септември во студиото „Тралала“ на Мите Димовски“, изјави Гуру Харе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.