Македонскиот и светски виртуоз на кларинетот ИСМАИЛ ЛУМАНОВСКИ, кој годиниве наназад живее и твори во центарот на културата Њујорк, ќе настапи вечерва со ЉУБОЈНА на ЗИМСКА ПРИКАЗНА за дочекот на Новата 2023 година.

Светскиот успех на извонредниот кларинетист кој е роден во Битола е симбол за музичка сила, за страста и за динамична виртуозност за која пишуваат безброј светски музички критичари. Постигнувајќи значаен меѓународен успех, Лумановски изгради голема кариера како солист и камерен музичар како во класичниот така и во жанровски иновативниот репертоар.

Како од Битола се искачи до највисоките скалила во професијата, како со неговите настапи низ САД, Европа, Средниот Исток, Кореа и Кина, ја предезвика критиката да го истакне автентичниот начин на интерпретација на Лумановски, како се промовира македонскара култура на најдостоинствен начин.

Вечерва, во придружба на Љубојна…очекувајте фантастично музичко патување за влез во Новата Година на платото на Офицерски дом.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.