Бугарија стана најновата земја во серијата откажувања која нема да учествува на Евровизија 2023.

Откако радиодифузерите од Црна Гора и Македонија веќе потврдија дека нема да учествуваат на натпреварот следната година поради зголемувањето на котизацијата, ним им се придружи уште една балканска земја – Бугарија. Како што пишува BBC, од земјите е побарано да одвојат повеќе пари за компензација на изгубените средства со забраната за учество на Русија.

Досега организаторот на натпревањето, ЕБУ, го потврди списокот од 37 земји учеснички за следниот Евросонг.

Колку плаќа секоја земја за учество на Евровизија не е јавна информација, но вкупната сума е околу 5 милиони фунти плус дополнителни трошоци што ги има домаќинот.

Бугарија, Македонија и Црна Гора не успеаја да го поминат полуфиналето на овогодинешното натпреварување.

BBC очекува да потроши помеѓу 8 и 17 милиони фунти за организирање на настанот, планиран за мај следната година, на местото на Украина, која победи годинава и не е во можност да го организира поради специјалната воена операција која во оваа земја ја врши Русија и поради кои истата е суспендирана. Ливерпул е градот домаќин главно поради неговата „културна понуда што ја става Украина во срцето на настаните следната година“, јавува BBC.

Русија даваше значителен финансиски придонес во продукцијата на Евровизија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.