На светскиот куп во фолклор на фестивалот „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција, хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место. На натпреварот учествуваа околу 500 натпреварувачи од 12 земји. Наташа Митрова, наставничка по музичко образование, заедно со 7 ученици од хорот изведоа македонски песни во хорска изведба.
„Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, Македонија, како победник. Седум мали деца ја направија татковината и своето училиште горди. На сцената настапија Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана“, велат од училиштето.
Минатогодишната победа во Римини, Италија, беше поттик за нови музички авантури на хорот при ООУ „Кочо Рацин“, додаваат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.