Грчките медиуми објавија дека композиторот Вангелис починал од компликации од корона вирус во Франција, пренесува Јутарњи лист.
Грчкиот композитор, најпознат по музиката за филмовите „Истребувач“ (“Blade Runner”) и „Огнени кочии“, Вангелис Папатанасиу, познат како Вангелис, почина на 79-годишна возраст, објави вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Вангелис Папатанасиу не е повеќе маѓу нас, напиша на Твитер премиерот Мицотакис. Музичкиот свет го изгуби светскиот (уметник) Вангелис, додаде Мицотакис.
Тој самоук музичар, пионер на електронската музика, пронаоѓаше инспирација во истражувањата на вселената, природата, футуристичката архитектура, Новиот завет и студентското движење од 1968 година.
За музиката за филмот „Огнени кочии“ добитник е на Оскар, а автор е на композициите на бројни филмови на режисерите Коста Гаврас, Роман Полански, Оливер Стон итн.
Грчките медиуми пишуваат дека Вангелис починал од коронавирус во Франција каде престојувал кога не бил во Лондон или Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.