Позитивни се коментарите кои младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска ги собра по настапот на овогодинешното 39. издание на фестивалот „Макфест”, кој изминатиот викенд се одржа во Штип. Песната „Жена, дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, како што вели Антониа е направена за сите жени.
Многу сум среќна што „Жена“ успеа да допре до многу луѓе. Среќна сум што добив комплименти од многу жени и искрено ме радува тоа. Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане. Секоја жена треба да биде сакана, почитувана, заштитена, а тоа го може само вистински маж, затоа што право машко знае како треба да се сака една ЖЕНА. Тоа и беше пораката што сакав да ја испратам. Пораката е дека ако еден маж не знае да сака и да почитува, жената со тек на време ќе се претвори во кукла без емоции. Жена што е само присутна. Ова не е само моја приказна, ова е приказна на секоја жена, ова се приказни на жени што во изминативе неколку месеци успеав да ги слушнам и да бидам сведок на истите, со што некои мои пријателки се соочувале. Не ја сакаш само ако ѝ кажеш „Те сакам“, ја сакаш ако ја почитуваш, заштитиш. Жената не мора да биде јака иако секогаш сме многу појаки од мажите, но онаа силна страна, силна половина треба да биде мажот, да ја прегрне и да ѝ каже „Сè ќе биде добро“, вели Антониа, додавајќи дека посебно ја радува што песната е веќе втор ден во TRENDING #11.
За „Жена“, Антониа со својот тим од соработници сними и одличен видеоспот под режисерската палка на Даниел Јовески, а во него покрај пејачката се појавуваат уште неколку моќни жени:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.