Ниту сум била предавник, ниту ќе бидам, напиша пејачката Сузана Гавазова на својот профил на Фејсбук одговарајќи на критиките.
Ред е и јас да кажам за тоа што некој се обидува да ме „уништи” со тоа што ме нарекува предавник, парољубец, пеам бугарски песни, пеам горански песни, српски, ромски, грчки. Само да знаете Македонија е срцето на Балканот и од овде сѐ треба да знае еден пејач. Не може да ме уништите кои и да сте…не се плашам од вас, мене народот ме сака затоа што сум направила добрини, правам и ќе правам. Срамота е што се обидувате на жени, мајки и пејачки кои го дале целиот живот за македонската песна така да пишувате и така да навредувате. Зошто не се обидете на маж така? Затоа што немате храброст па затоа удирате на жена! Ниту сум ја предала Македонија, ниту сум ја украла, тој што ја предал нека му ја мисли, а и тој што ја украл рацете да му се исушат. Ви смета што пеам секакви песни, а не ви смета што браќата Срби ечат во Македонија, напиша Гавазова во својата реакција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.