Еден вид летна сексипилност, нешто што ќе ве натера, откако ќе ја слушнете песната, веднаш да прегрнете некого. На самиот крај на летото, песната „Beautiful Mind“ од „Free Spirit“ е ново освежување.

Позади музиката и аранжманот на синглот кој настанал како  „случајна“ седенка во студио, стојат Александар Тарабунов и Ненад Пантовиќ. Текстот и вокалот се потпис на Ненад Пантовиќ.

Во песната се зборува за девојка која е привлечна, интелигентна, духовита, елегантна, а сепак, нејзината сексипилност не доаѓа само од тоа, ниту од начинот на кој зборува, одењето, насмевката. Нејзината уникатност доаѓа од нешто скриено и неостварливо.

Спотот е снимен во Грција, а главна улога има преубавиот модел Natali Russou.  Истиот го потпишува Зоран Зонде Стојановски.

Периодов, „Free Spirit подготвуваат уште два синглови, кои ќе бидат дел од истоимениот проект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.