Организаторите на изборот за песна на Евровизија најавија големи промени во системот на гласање за наредното издание што ќе се одржи во Ливерпул.

Отсега, исклучиво гласовите на гледачите ќе одлучуваат кои земји ќе поминат од полуфиналето на финалната вечер, наместо досегашната комбинација од гласовите на жирито и на публиката, како што се бодуваат песните уште од 2009 година. Во финалето ќе одлучува комбинација од гласовите на публиката и поените на жирито.

За потсетување, од двете полуфинални вечери во полуфиналето одат по 10 учесници, а за прв пат во он-лајн гласањето ќе можат да учествуваат и жителите од земјите кои не дел од овој музички настан. Нивните гласови ќе се додаваат на другите и ќе имаат голема улога во одлучувањето на победникот.

Сите гледачи од земјите улеснички ќе можат да гласаат преку СМС, телефон или преку официјалната апликација, а оние кои гледаат Евровизија од другите земји, ќе може да го сторат тоа преку безбедна он-лајн платформа.

Следната Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај 2023 година во Ливерпул, а за 20 места во финалето ќе се натпреваруваат 31 земја. Тие ќе им се придружат на Франција, Германија, Италија, Шпанија, домаќинот В.Британија и на Украина, кои се победници од годинашното натпреварување.

Македонија го откажа настапот и следната година ќе нема свој претставник на изборот за песна на Евровизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.