На 13 декември во „Паблик рум“, придружуван од својот бенд, Рис Флауер ќе одржи ексклузивен интимен концерт каде ќе го претстави неговиот најнов проект “Light Of Your Soul“.

На концертот ќе бидат изведени досегашните комплетно авторски песни на Рис Флауер, а публиката ќе има можност за прв пат во живо да ги чуе и новите, досега необјавени песни.

На сцената, Рис Флауер ќе биде придружуван од неговиот бенд, составен од  врвни музичари и  долгогодишни соработници: Џоле Максимовски – бас гитара, Мустафа Чанбазлар – клавијатури, Арикан Сиракаја – тапани и Александра Кировска – гитара.

Секогаш уживам на сцена и затоа со нетрпение очекувам да настапам пред скопската публика. Подготовките за концертот се започнати и можам да кажам е дека ќе биде навистина енергично шоу, различно од се останато. Особено ми е драго што на концертот ќе настапат и музичарите од Турција, екипа со кои ја работам музиката во изминатите години, голема Благодарност до Порше Македонија за поддршката! – најави Рис Флауер.

Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“, линк :  https://www.kupikartizase.com/Events/ris_flower



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.