По објавувањето на еден од најзабележителните нови гитарски бендови Viagra Boys, владетелите на жестокиот, екстремен звук и годинава ќе го надополнат EXIT фестивалот и, од 6 до 9 јули, ќе го претворат во празник на метал, панк и рокенрол музиката! На Главната бина пристигнува Epica, еден од водечките светски симфо-метал состави од Холандија, како и белградскиот женски метал бенд Jenner, додека 23 нови имиња на култната Explosive бина ги предводат канадскиот Exciter и американскиот Massacre, потоа бразилските металци NervoChaos, мексиканската Armada, данскиот Night Fever, италијанскиот Violentor и многу другиОвие имиња се придружуваат на досега објавените хардкор панкери Wolfbrigade, панк-рок дивата Suzi Moon, британските легенди Cockney Rejects, но и групите The Toasters и Mortal Kombat, кои пристигнуваат на омилената Fusion бина.

 

Во EXIT Универзумот слетува симфонискиот метал состав Epicaсекстетот предводен од единствениот вокал на Simone SimonsВо своето музичко портфолио имаат осум студиски албуми, од кои половина се најдоа на листата топ 10 најпродавани во Холандија, додека албумите Requiem for the Indifferent (2012) и The Quantum Enigma (2014) достигнаа меѓународна препознатливост и се најдоа на американската Билборд 200 топ листаЗад себе имаат и Music Export Awards наградакоја во 2015 им е доделена за најуспешен интернационално признат холандски бенд, додека албумот The Holographic Principle од 2016 година се најде на десеттото место на Loudersound топ листата за најдобри симфо-метал изданија. На Главната бина им се придружуваат и треш металките, белградската група Jennerчиј албум To Live is to Suffer ги собра позитивните критики ширум светот, а го објави француската  Infernö Records.

 

Гитарскиот храм на EXIT, култната Explosive бинаќе ја затресат нови 23 најжестоки хардкор, метал и панк бендови од различни краеви на светот. За прв пат ќе настапи легендарниот канадски состав Exciterпионерите на спид-метал жанрот со музичка кариера долга речиси половина век и американскиот Massacreчиј дебитантски албум From Beyond“ ги постави дефинициите и насоките за дет-метал правецот. Им се придружува и бразилскиот бенд NervoChaosкој со сингловите Son of SinTorn Apart и Taphephobia“ го најави претстојниот, единаесетти студиски албум „Chthonic Wrath“како и мексиканските металци Armadaиталијанците Violentor и данскиот хардкор-панк бенд  Night Feverдодека Sacred Reich сепак нема да настапи.

 

Покрај гитарскиот звук и жестокиот андерграунд, кој го предводат групите Viagra Boys, Epica, Cockney Rejects, The Toasters, Jenner, Wolfbrigade, Exciter, Massacre, Suzi Moon и многу други, за мултижанровско искуство на  EXIT фестивал ќе придонесат највлијателниот електронски панк состав на сите времиња The Prodigyхип-хоп боговите Wu-Tang Clanповеќекратниот добитник на „Греми“ наградите SkrillexAlesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Sofi Tukker, Claptone, Chase & Status, најбараните изведувачи на електронската сцена, колективот Keinemusik, дуото CamelPhat, Indira Paganotto, Hot Since 82, LF System, Vintage Culture и многу други.

 

EXIT фестивалот ќе биде одржан од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.