По одличната „Километрима“, популарниот пејач Огнен Здравковски пред неколку дена учествуваше на 38. издание на фестивалот „Макфест“ во Штип, каде настапи со својата најнова песна која носи наслов „Порок“.

Огнен настапи во ревијалната вечер и со својата изведба во живо, ја воодушеви многубројната публика во културниот дом „Ацо Шопов“, како и гледачите пред тв-екраните.

Автори на оваа песна се потпишуваат веќе докажаните музички имиња, Елвир Мекиќ како автор на текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Дамјан Лазаров.

Јас сум прездоволен од мојот настап на „Макфест“, добивам само позитивни коментари. Најважно од се ми беше песната да и се допадне на публиката, а според тоа што го слушам и читам на социјалните мрежи, им се допаѓа „Порок“, вели Здравковски.

Инаку за потребите на оваа негова најнова песна, Огнен сними и видеоспот во српската престолнина, каде соработуваше со екипата на „Sneak Media“, кои снимаат и со најпознатите тамошни ѕвезди.

Покрај Огнен, во спотот се појавува и познатиот српски модел Андреја Милутиновиќ, која одлично ја заврши својата задача.

Она што е важно да се спомене, е тоа што Огнен не застанува тука, тој веќе со својата екипа од соработници размислуваат и за новата песна и новите проекти, а до тогаш него ќе може да го видите и слушнете на настапите ширум нашата земја.

Погледнете го спотот за „Порок:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.