EXIT 2024 ќе се одржи од 11 до 14 јули на магичната Петроварадинска тврдина, а покрај традиционалниот голем број на домашни фанови од Србија и од сите земји во регионот – Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора – најголемиот број заинтересирани посетители пристигнуваат од Турција, Холандија, Германија, Велика Британија, САД, Австрија, Русија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Грција, Италија, Романија, Бугарија…
Особено радува што во Нови Сад ќе пристигнат и гости од подалечните земји, како Индија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Мароко, Бразил, Кипар, Перу, Костарика, Оман, Шри Ланка, Тунис, Кина, Тајланд, Египет, Чиле. На списокот со регистрирани за EXIT 2024 има дури и фанови од Барбадос, Маврициус, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Виетнам, Нов Зеланд… За вистинските фестивалски фанови ништо не е предалеку! Во знак на благодарност за посветеноста и лојалноста кон Exit, ним ќе им биде испратен специјален линк, преку кој ќе можат да ги купат фестивалските влезници по најповолните цени.
Сите оние кои во меѓувреме ја носат одлуката дека EXIT следната година е неизбежна дестинација – ќе можат да ги купат фестивалските влезници по почетната промотивна цена. Повеќе информации за официјалниот почеток на продажбата ќе бидат објавени наскоро.
Големиот интерес за EXIT 2024 доаѓа додека импресиите од неодамна завршеното издание сѐ уште слегнуваат и се собираат. Се случија четири магични дена на Петроварадинската тврдина. Започнувајќи од првото досега отворање на фестивалот од вселената, ѕвездите се усогласија за несекојдневно издание, со повторното, емотивно собирање со The Prodigy и Skrillex, двата all-female концепти на двете најголеми бини со Nina Kraviz, Indira Paganotto, Amelie Lens, Senida, Mimi Mercedez, Sajsi MC и други, но и прославата на 50 години хип-хоп со најголемата рап група на сите времиња Wu-Tang Clan! Денс Арената заблеска и оваа година, со оправданата репутација храм на електронската музика, која, покрај моќните техно жени, ја славеа и Eric Prydz, Hot Since 82, Vintage Culture, CamelPhat, Agents Of Time и бројни други.
И понатаму, најголемиот впечаток од овогодишното издание е дека повеќе од 200.000 фанови – најсјајните ѕвезди – ја осветлија Петроварадинската тврдина, обединети во пораките за љубов и слобода. EXIT тимот од срце им се заблагодарува на сите кои едвај го чекаат следното фестивалско издание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.