В недела, на 22 мај, џез составот Next to Silence ќе одржи концерт на едно од најмагичните места на Охридското Езеро, а на кое се наоѓа археолошкиот локалитет Плоча-Миќов Град.
Концертот, кој се организира во соработка со Завод и музеј – Охрид и Центарот за истражување на предисторијата, ќе се изведе на реконструираната наколна населба во рамки на Музејот на вода кај Градиште. Добредојдени се сите што сакаат да слушнат и видат како звучи и изгледа овој спој на џез музика и предисторија во епскиот амбиент на Заливот на коските.
На овој настап Next to Silence ќе изведат авторски дела од нивниот албум, како и композиции од реномираната издавачка куќа ЕСМ коишто целосно се вклопуваат во природниот амбиент на заливот. Концертот ќе биде бесплатен, а за влез во Музејот на вода се наплаќа билет од 120 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.