Скопскиот џез фестивал денеска со џез-матине ги промовирапе новите календари за 2022 година и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, во кое членуваат и Андреа Мирческа – контрабас и Славчо Коцев – тапани.

Актуелниот добитник на наградата најдобар млад џез музичар во Македонија, Филип Букршлиев, е еден од најплодните и најангажираните актери на домашната џез-сцена. Името на овој извонредно талентиран скопски гитарист, композитор и импровизатор се наоѓа на повеќе од 20 албумски изданија. Активно твори во повеќе домашни формации: Филип Букршлиев Трио, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Yordan Kostov Quintet/Ensemble и други. Творештвото и музицирањето на Буркшлиев се одликува со несекојдневна духовитост, раскошна фантазија и исклучителна елоквентност, што, впрочем, соодветствува и на неговата личност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.