На годинашната Свечена академија по повод денот на Свети Јоаким Крчовски и 24 Мај , денот на Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во Крива Паланка ќе настапи македонската музичка легенда, Драган Мијалковски.

-Свеченоста ќе понуди несекојдневна можност кривопаланечката публика да ужива во најпопуларните песни и евергрини на бардот на македонската музика, Драган Мијалковски. Свечената академија ќе се одржи на 23 мај 2024 година, четврток, во Национална установа Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19 часот. На Академијата ќе бидат прогласени најдобрите просветни работници од одделенска и предметна настава во општината за изминатата година, ќе се доделат признанија за најдобрите ученици на генерација, а присутните ќе имаат ексклузивна можност во живо да ги проследат незаборавните: „Кажи ми”, „223-3О5″, „Кажи нешто драга”, „Гитаро моја” и бројни други незаборавни евергрини, за една незаборавна вечер за сите генерации, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Свечената академија се одржува секоја година традиционално, а годинава е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.