Драган Мијалковски – заслужено доби два солистички концерти, во организација на скопското Радио Бубамара, со кои одбележа значаен јубилеј на музичката сцена.
Пејачот во полн сјај, две вечери по ред ја полнеше салата на МОБ враќајќи се по два пати на бис за да ги изведе неговите хитови. „Кажи нешто, драга“, „Ти така ми доаѓаш“, „Гитаро моја“, „Моја малечка гулабице“, „На 223-305 јави се“, „Убава си како музика“, „Перонот три“, „Оди си“… публиката ги пееше заедно со Мијалковски танцувајќи и со силни аплаузи го поздравуваше македонскиот пејач.
Направив долга пауза со пеењето, но сега веќе нема да правам толкави паузи“, рече Мијалковски, кој како гости на концертот ги имаше Горан Алачки, Љупчо Трајковски-Фис, Зорица Поп-Панкова, Жаклина Стефковска.
На неколку песни имаше и балетски точки, а со оркестарот, во кој имаше и членови на Националниот џез оркестар, диригираше Дијана Имери-Илковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.