И по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување во болницата „Аџибадем Систина“ со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен. Симеон Атанасов, кој е едно од децата на Теодосиевски кои ги посвоија и кој беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за Бекстејџ потврди дека сметката не е платена и дека се понудил да ја плати целата сума.
Јас се понудив да ја платам сметката како што ги покрив сите погребални работи кои што требаше и имам за тоа фактури. Не е покриена бидејќи дента кога почина веќе имаше индикации дека Реџепови ќе ги остават двата тестаменти кои Есма ги остави. Јас во консултација со моите адвокати бев сопрен, затоа што по некое правило кога некој нешто наследува, тој го наследува и доброто и лошото. Поради тоа е стопирана целата постапка со „Систина“ да не се покрие овој трошок, вели тој.
Јавноста остана затечена по веста за неплатениот долг, оти откако Есма почина, нејзините внуки од сестри и браќа, како и внуци на Стево до денес водат битка како и кој да ја наследи куќата на Кале. Атанасов додава дека ако Реџепови се откажат од овој спор и го предадат музејот на Министерство за култура, овој долг ќе го покрие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.