Церемонијата на доделување награди „Греми“ во чест на врвните музички изведби е презакажана за 3 април во Лас Вегас, соопштија во вторникот (18 јануари) Академијата за снимање и „Си-би-ес“, телевизијата што го пренсува настанот радиодифузерот.

Настанот требаше да се одржи на 31 јануари во центарот на Лос Анџелес, но организаторите го откажаа тој датум бидејќи Омикрон варијантата на Ковид-19 предизвика нов бран инфекции.

Комичарот Тревор Ноа ќе биде домаќин на церемонијата, која ќе се емитува на телевизија и ќе се пренесува во живо од „МГМ Гренд гарден арената“.

Номинациите за „Греми 2022“ беа објавени во ноември.

Џез-музичарот Џон Батист ја предводи трката со најглем број номинации. Листата се движи од рап до џез музика и оддава признание на новите ѕвезди како што е тинејџерската поп сензација Оливија Родриго, а и ветераните, како Тони Бенет (95), кој го освои своето прво „Греми“ во 1963 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.