Латино дивата Џенифер Лопез за неколку дена објавува нов албум.

Долгоочекуваниот албум, прв по десет години, Џенифер Лопез ќе го објави на 16 февруари, а како што објави Entertainment Tonight, ова можеби е последниот албум на латино дивата.

This Is Me… Сега се вика нејзиниот проект инспириран од љубов со Бен Афлек, а заедно со албумот ќе излезе и филм.

„Вистината е дека навистина не знам дали некогаш ќе издадам албум по овој. Ова може да биде последниот“, рече Џеј Ло.

Многу фанови останаа загрижени по оваа изјава, но се свесни и за фактот дека новиот проект се чека веќе една деценија, па никогаш не се знае кога е оваа латино дива во прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.