Четкар замина во Америка каде ќе ја одржи својата есенска турнеја низ некој од најпрестижните амерички џез клубови и културни институции како Нортон Музејот За Уметност во Вест Палм Бич, BOP STOP во Кливленд, Black Cat Jazz Club во Сан Франциско и други.

Турнејата на Четкар во Америка започна со концерт во Чикаго на 6 ноември во Skadarliya, потоа продолжува во Детроит во џез клубот, Aretha’s Jazz Café at the Music Hall, на 12 ноември ќе настапи во BOP, STOP at The Music Settlement во Кливленд, на 19 ноември ќе одржи концерт во Њујоршкиот музички клуб Chelsea Table + Stage, на 30 ноември ќе дебитира во Сан Франциско во Black Cat Jazz Club а на 9 декември по втор пат оваа година Четкар ќе оддржи концерт во Нортон Музејот на Уметност во Вест Палм Бич во Флорида.

На сите настапи во Америка Четкар ќе се претстави со своја авторска музика и свои аранжмани за септет во придружба на американски музичари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.