Нашиот реномиран џез мучичар, охридскиот гитарист Владимир Четкар и оваа година ќе ја почне со концерти низ САД.
Според предвидената програма, Четкар настапите низ САД со неговиот бенд ќе ги почнат со концертот во „Aretha’s Jazz Cafe“ во Детроит. Два дена подоцна ќе одржат концерт во „Skadarliya“ во Чикаго, на 5 февруари концерт во „BOP STOP“ клубот во Кливленд, а на 12 февруари концерт е закажан во њујоршкиот „Chelsea Table + Stage“ клуб. Мини турнејата низ САД ќе биде заокружена со концертот во „Norton Museum of Modern Art“ во Палм Бич на Флорида.
Владимир Четкар е дипломец на престижниот музички Универзитет „Беркли“ во САД, каде има завршено студии по модерна продукција, аранжман и џез-гитара. Како уметник настапува соло, но соработува и со многу музичари. Јадорот на неговиот бенд се Мото Фокушима на бас од Јапонија, Ник Фалк на тапани и Милан Милановиќ. Неговите песни се емитувани на програмата на најпознатите светски радија што емитуваат таков вид музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.