Пред неколку дена, познатиот пејач Петар Грашо бил специјален гостин на свадбата на пејачот Дарко Лазиќ, кој за првиот танц го отпеал хитот „Јел ти река ко“.
Не е невообичаедно да се избираат песни на Грашо за првиот танц на свадбата, но сега е се повеќе популарна пракса пејачот да биде ангажиран за првата песна.
Обично Грашо на свадбите се појавува 10 минути, односно колку што трае првиот танц. Со оглед на тоа дека тој е еден од најголемите регионални ѕвезди, многумина ги интересира колку чини едно вакво задоволство.
Извор за музичкиот портал „Слободна Далмација“, пишува дека пејачот не настапува многу на приватни забави, а кога ќе прифати за една или две песни, тој наплатува 2.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.