Идејата за важноста на промоцијата и развојот на фестивалскиот туризам во нашиот регион штотуку доби нова потврда од едно од најпрестижните глобални признанија на музичката индустрија. Дури четири фестивали од Егзитовото семејство – EXIT, Sea Star, Sea Dance и No Sleep, се натпреваруваат за влијателните Европски фестивалски награди (EFA).

На објавената листа, овогодишното издание на Exit се натпреварува за титулата „Најдобар голем фестивал“, награда која новосадскиот фестивал веќе двапати ја освои – во 2013 и 2017 година.

Во трката за наградата „Најдобар фестивал од средна големина“ кој брои до 40.000 посетители дневно, се наоѓаат Егзитовите настани од земјите во регионов, кои претставуваат еден од најдобрите примери на извоз на креативните индустрии од Србија – црногорскиот Sea Dance фестивал од Будва, кој ова признание го доби за 2014 година и хрватскиот Sea Star фестивал од Умаг. Штотуку завршениот No Sleep фестивал, сѐ уште официјален носител на титулата „Најдобар нов европски фестивал“, за првпат е во конкуренција за „Најдобар фестивал во затворен простор“.

Гласањето за Европските фестивалски награди отворено е за сите и ќе трае до 7 декември, на официјалниот сајт на Европските фестивалски награди, или преку линкот, со избирање на EXIT во категоријата „Best Major Festival“, избирајќи го Sea Dance или Sea Star фестивалот во категоријата „Best Medium-Sized Festival“, и избирајќи го No Sleep фестивалот во категоријата „Best Indoor Festival“.

Гласовите на милионската публика ширум светот одлучуваат за победниците, а ним ќе им се придружат и гласовите од жирито, составено од водечки експерти во музичката индустрија. Победниците ќе бидат прогласени на 18 јануари следната година, на церемонијата за доделување награди на отворањето на фестивалот Eurosonic Noorderslag во Гронинген во Холандија.

EXIT 2023 ВЛЕЗНИЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПРОДАЖБА!

Следното издание на EXIT фестивалот ќе се одржи од 6 до 9 јули 2023 година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Во продажба се early-bird влезниците по цена од 3999 ДЕНАРИ со 50% заштеда. Влезниците може да се купат преку сајтот на EXIT Фестивалот и на karti.com.mk .

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.