За два дена Лара, Ирина и Јован ќе ја претстават Македонија на евровизиската сцена во Ереван, Ерменија. Макединската делегација е вистински хит на овогодинешниот Јуниорски Евросонг, а јавноста е воодушевена што на славјето му се приклучи и македонскиот виртуоз Симон Трпчески, кој во eвровизиските кругови е попознат како – таткото на Лара.
Инаку денеска започна и гласањето на публиката за нивниот фаворит. Гласајќи на интернет и вие можете да учествувате во изборот на победник на Јуниорскиот Евросонг 2022, а со тоа и да ги поддржите нашите дечки!
Може да се гласа тука, треба да изберете 3 омилени песни, а најважно е што можете да гласате и за Македонија и тоа – колку што сакате пати. Гласањето започна, а завршува на 11 декември во 15:59 часот, минута пред да почне фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.