Кристијан Рахимовски (40), вчера пристигна во Скопје, во градoт каде што живееше неговиот татко, легендарниот пејач Аки Рахимовски, кој почина пред девет дена. Денеска со министерката за култура ќе патува за Крушево, да го посети вечното почивалиште на Тоше Проески.
Во краткиот разговор за „Женски магазин“ открива дека кога се симнал од авион го обзеле безброј емоции.
Само што зачекорив на македонското тло почнав да плачам. Му реков на мојот менаџер „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“. Последен пат бев во Скопје пред 35 години. Дојдов приватно, да ја посетам баба ми и роднините, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.