Полека се ближи финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а како во минатата, така и во оваа сезона, Македонија ќе има одличен претставник, а богами и сериозен фаворит за едно од првите три места.
Станува збор за атрактивната пејачка Андријана Петрушовска, која во саботата обезбеди пласман во четврт-финалето на ова музичко шоу.
Петрушовска овојпат малку се помачи, па пласманот понатаму го обезбеди преку бараж, но она што предизвика расправии помеѓу жири-комисијата, е токму нејзиниот настап.
Имено, во дуелот со својата противкандидатка, нашата Андријана на крајот доби помалку гласови, а тоа беше причина за кавга помеѓу Ана Бекута, Драган Стојковиќ – Босанац и Мили на една страна, а Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓурушиќ и Ѓорѓе од другата страна…
Поради непријатната ситуација на сцената која траеше неколку минути, на моменти можеа да се видат и солзи во очите на нашата Андријана.
Но, најважно од се е тоа што Петрушовска обезбеди пласман понатаму.
Инаку Андријана полека, но сигурно станува една од најбараните пејачки кога се во прашање живите настапи, а доказ за тоа е многубројната публика секаде каде таа настапува со својот бенд.
Погледнете ја расправијата помеѓу жири-комисијата:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.