Македонската пејачка Андријана Петрушовска во саботата ја освои сцената на најголемото музичко натпреварување на овие простори – „Ѕвездите на Гранд“.
Со сите шест гласови од жири-комисијата, нашата Андријана директно отпатува во четвртфиналето и со тоа потиша договор со „Гранд продукција“.

Саша Поповиќ, Цеца Ражнатовиќ, Драган Стојковоиќ – Босанац, Ана Бекута, Мили, Вики Миљковиќ и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид имаа само пофални зборови за нејзиниот настап.

„Браво, браво, лудница“, беше коментарот на Марија Шерифовиќ, на кој се надоврза и Цеца Ражнатовиќ:

 

„Што ти реков, што ти реков? Браво кукло!“

Инаку покрај одличниот настап, Андријана секоја емисија во музичкото шоу внимание остава и со своите впечатливи стајлинзи, особено сега кога таа беше облечена како „cat woman“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.