Ова издание на фестивалот „Макфест“, кое е планирано да се одржи на 21 и 22 октомври во Штип ќе биде посебно, бидејќи на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат едни од најголемите имиња од македонската естрада.

После неколку години на фестивалот се враќа Тамара Тодевска, ќе ги видиме и момците од рап-дуото „Два Бона“, потоа Пајак и Лара Иванова, Ламбе Албакоски, Викторија Лоба, еворвизиската преставничка Андреа Коевска, атрактивната Андријана Петрушовска и уште многу други.

На фестивалот ќе настапи и еден од најпопуларни рок-имиња во регионот, популарниот пејач Ален Исламовиќ, некогашен пејач на легендарните „Бело Дугме“.

Со Ален стапивме за пет минути во контакт, а мислам дека за уште пократко време ја прифати нашата понуда да учествува на фестивалот. Сите добро знаеме колку значи неговото име за југословенската поп-рок сцена и поради тоа ни претставува чест и привилегија што ќе биде дел од 37-то издание на фестивалот. Ален издава и нов албум и мислам дека го побаравме во вистинско време. Првиот сингл од албумот тој ќе го промовира на Макфест, изјави уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Sazdov (@robertsazdov)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.