Песните, не ни е познато зошто, ги делат на оние за деца и други за возрасни…Александар Петрески пак за неговата нова композиција вели „детска песна испеана од возрасни“…
Но, факт е дека „Снегулка“ е новогодишна песна испеана од Александар Петрески и Марија Цветановска – нова новогодишна детска песна, испеана од возрасни вокали.
„Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа волшебна бајка во невините детски очи. Сеуште во уши ми ѕвонат звуците од честитките…
Сето тоа, за кое можам уште многу да зборувам, накратко го опишав во оваа новогодишна детска песна. Испеана е од возрасни вокали, како хибрид, кој би овозможил уживање и на децата и на возрасните. Иако идејата брзо ја реализирав, напорно на останатите финеси работев три месеци и по безброј изведби на кауч е веќе хит во мојот дом“, вели Александар Петрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.