МКЦ го најавува 12 издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“.

Мистичниот друид Шримпфикс приготвува мевлем со екстремно горчливи и потентни корени, дегустацијата е закажана за 3 септември 2022 година во летниот парк МКЦ, послужена ладна, младоста вечна.

Иако буџетски поприлично поткусурени, наместо да се жалиме, решивме да ги ангажираме нашите супермоќи и да направиме разновидна, свежа и вкусна програма, зачинета со многу љубов.

Многу бргу тргнуваме со објава на артисти, а веќе од среда, 6 април од 12 часот напладне, започнува и продажбата на билети по почетна цена од 500 денари.

Според годините, детето ни е веќе во преттинејџерска возраст, а со тоа (така ни кажаа) следувал и сопствен Инстаграм-профил, така што клавајте лајкови, шерови, заследете го @zdravo.mladi и на инстаграм.

Ремек-делото од дизајн го спреми суперталентираниот уметник Гоце Илиевски, big shout out!

Се гледаме, не ги трошете тие ситните евра по џебови од одмор во фришоп, ќе ви се најдат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.