Eдна од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори, Петар Грашо ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. Скопјани, па и цела Македонија ќе бидат привилегирани на 18 мај да уживаат во најголемите хитови на овој хрватски романтичар. Грашо деновиве е во Скопје за да го најави големиот концерт и да се дружи со своите фанови. Тој вчера во Ист гејт мол разговараше и се фотографираше со нив, а заедно со малата Тина, која беше во публиката, ја испеа „Ако те питају“.

„Арена Борис Трајковски“ очигледно ќе биде претесна да ги собере сите обожаватели на миленикот на македонската публика и во еден глас заедно со него да ја пее „Ako te pitaju“, потоа „Jel’ ti reka ‘ko“, „Neće nas zauvik bit“, „Voli me“, „Fritula“, а тука се и постарите, но добро познати песни како што се: „Ko nam brani“, „Utorak“, „Volim i postojim“, „Trebam nekoga“ и многу други…

Организаторите на овој настан, „Прагма продукција“ најавуваат голем музички спекткал.

Последниве неколку години Петар Грашо е убедливо најбараниот и најпопуларен изведувач на овие простори. Неговите безвременски хитови се слушаат буквално од Вардар до Триглав и поради тоа воопшто не се двоумевме кога се решивме да го организираме концертот. Интересот е огромен. Очигледно публиката е желна за квалитетна музика, бидејќи пандемијата си го направи своето, велат организаторите.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, потоа Розе Веро 2 и Југотон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.