На 9 февруари (петок), со почеток во 17;00 часот, во Кафе книжарницата Literatura во „Скопје сити мол“, ќе се одржи музичко матине со Сара Мејс.

Во репертоарот ќе бидат вклучени дел од најголемите хитови на кралицата на рокенролот, Тина Тарнер“ во чест на нејзината автобиографија „Мојата љубовна приказна“, како и други познати хитови.

Уживајте во топлиот амбиент на Café Literatura во „Скопје сити мол“ со добра музика и со коктелите од менито на Café Literatura.

Завршете ја работната недела со музика и уживање, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.