Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“ продолжуваат утревечер, 19 јуни, со музичка вечер на која ќе настапи групата The Fender‘s.

Концертот ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, со почеток во 20 часот.

Настапот на The Fender‘s е музичко поп-рок освежување за младите од Крива Паланка, кои ќе можат да се дружат со Дејан Здравковски, вокал и гитара, Дејан Илиевски, бас гитара и Јоцо Арсевски на тапани.

Ова е една од првите музички вечери ова лето што се на културната програма наменета за младите и љубителите на музичката уметност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.