Во петок на 9 август 2024 година, со почеток во 20:00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе имате можност да уживате во концертот на младата и талентирана поп пејачка Александра Јанева.

Концерт на Александра Јанева, победник на музичкото шоу „Сите наши песни” и на МАКФЕСТ 2013 и 2016, бек вокал на Евровизија 2019 со Тамара Тодевска.

 

Извонредна пејачка со бројни синглови во 11-годишната музичка кариера и хитови од албумот „Срце отвори”. Плодна продукција со нови 3 песни во изминатите 3 месеци и хитовската “Нашата песна”.

Не пропуштајте го концертот со Александра Јанева на Кривопаланечко културно лето и Крива Паланка-Град на културата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.