Каролина Гочева ќе одржи два концерти на 1-ви и 2-ри март во Скопје, со најубавите песни од нејзината кариера.
Датумот на концертот е симболично избран, поради нејзината песна „1 март. Тој датум одамна е празник во Македонија. Го викаат денот на Каролина. А, ние секогаш ги знаевме вашите желби, уште пред да ги помислите, објави Авалон продукција.
Нејзината песна „1 март“, е дел од албумот „Во заборав“, кој излезе во 2005. Ова е четвртиот албум на поп-пејачката и се смета за еден од нејзините најуспешни. Влатко Стефановски, Калиопи, Џибони, Златко Ориѓански, Дарко Димитров, Весна Малинова, Младен Марковиќ, Бајага и Дино Мерлин се дел од авторите на песните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.