Групата „Фолтин“ ќе одржи минитурнеја низ Македонија со три концерти. Првиот е во Струга на 8 август во рамките на осмото издание на фестивалот Дрим шорт.

Следниот концерт е во матичната Битола. Настанот на ракометното игралиште ќе го отворат младите битолски бендови „Tzar von time”, „Siotto jazz” и „Corrosion”, а специјални гости ќе бидат „Суперхикс“. На 25 август, „Фолтин“ ќе одржи концерт во Кавадарци во Винскиот музеј.

„Фолтин“ претходно настапи на Д фестивал во Дојран и гостуваше на славеничкиот концерт на „Суперхикс“, кој се одржа на 29 јуни во Кисела Вода. „Фолтин“ и „Суперхикс“ заедно ја снимија песната „Сила и нервоза“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.