На барање на публиката: документарниот филм “Време на бетон” во режија на Игор Иванов на репертоарот на кино Фросина.

Датуми на прикажување:
20 – 23 мај
20 часот
Билети достапни на онлајн линкот www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.
„Време на бетон“ ја раскажува приказната за  Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната архитектура, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век, на кусата ера на брутализмот. Авторите на документарниот филм се занимаваат со прашањата: Што е она што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? ‘Време на бетон’ претставува обид да ги деконструира и објасни овие феномени.

Филмот е снимен по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски и Скопје филм студио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.