ВРЕМЕ НА БЕТОН
(Concrete Time)
Документарен филм, Македонија
2024, 75 мин, ДЦП
Режија: Игор Иванов (Igor Ivanov)
Сценарио: Игор Иванов, Томи Салковски (Igor Ivanov, Tomi Salkovski)
Наратор: Никола Ристановски (Nikola Ristanovski)
27 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.
28 МАЈ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
„Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Тагата за еден „организам“ од челик, бетон и стакло, една метропола на солидарноста која речиси како да доаѓа од иднината. Документарниот филм во основа својот фокус го става на модерната, посебно на кусата ера на брутализмот. Во својата фрагментарност, документарецот не случајно е поставен како литературно-репортерска нарација која, меѓу другото, како цитат, потсетува на оние квалитетни телевизиски емисии со информативна и едукативна содржина кои веќе одамна ги нема во нашата продукција.
„Време на бетон“ е снимен по сценарио на Иванов и Томи Салковски, кој е и продуцент. Автор на нарацијата која го води филмот е новинарот Ѕвездан Георгиевски, а наратор е актерот Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата на Дејан Смилески, а дизајнот на звук е на Игор Поповски.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.