На повеќе локации во Битола, Ресен и во Скопје, турската продуцентска куќа Линистар Медиа, во соработка со македонската прудецентска куќа Сектор филм, снимаат телевизиска серија „Ататурк“ посветена на турскиот револуционер и реформатор Мустафа Кемал Ататурк.
Актерите и тимовите на продуцентските куќи кои снимаат во централното подрачје и старата битолска чаршија, ги посети градоначалникот Тони Коњановски кој од режисерот Мехмед Ада Оѕтекин, беше информиран за текот и динамиката на снимање која се очекува да заврши за десеттина денови.
Во телевизиската серија посветена на Мустафа Кемал Ататурк, главната улога ја толкува Арас Булут Ијнемли, турски актер кој македонската јавност го памети од улогите во турските серии „Сулејман Величествениот“, „Јама“, „Како минува времето“ и други.
Како што е познато Мустафа Кемал Ататурк во Битола се школувал во периодот од 1896 до 1898 година, бил истакнат ученик со „Еполета број 7348“. Училиштето во Битола имало големо влијание врз Ататурк за што и сам запишал во свои мемоари каде нагласува дека „училиштето, младите мозоци ги учи да бидат хумани, да ги сакаат нацијата и татковината, и да бидат горди и независни!“.
Во сниманњето на телевизиската серија „Ататурк“, во Битола, како статисти учествуваат околу 1.500 битолчанки и битолчани на различна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.